Силвестер Сталоне го брани ангажманот на својата ќерка Скарлет Роуз Сталоне во серијата „Тулса Кинг“ од критиките за непотизам. „Секако дека е непотизам“, вели актерот, но истовремено нагласува дека неговите деца мора да ја оправдаат добиената можност.
Ѕвездата на „Рамбо“ смета дека родителите можат да им помогнат на децата да добијат шанса, но не можат да им гарантираат успех.
„Можат ли да го задржат тоа високо ниво? Тоа не е во наши раце“, објасни Силвестер. „Но, ако можете да им ја отворите вратата, ќе видиме дали имаат способност да поминат низ неа. Луѓето ќе речат: ‘Ја доби таа работа, премногу ѝ е лесно’. Во право сте. Можеби и е така. Но, за да го задржиш тоа, за да настапуваш пред милиони луѓе, или го имаш потребното или го немаш.“
Сталоне има вкупно пет деца — три ќерки и два сина. Најмладата е Скарлет, која има 24 години и е негова ќерка од бракот со Џенифер Флавин.
Извор: Just Jared