
Џоан Смолс и Кендис Свонепул неодамна настапија на модната ревија на „Викторијас сикрет“ за 2026 година, а сега се шират гласини дека нивното пријателство завршило.
Наводно, од профилот на Џоан биле објавени коментари: „Не се дружам со луѓе што ми забиваат нож во грб“ и „Некои луѓе не го почитуваат непишаното правило за лојалност меѓу пријателки“.
Со нов коментар, Смолс како да ги потврди навестувањата за нарушени односи со 38-годишната јужноафриканска манекенка.
Под објава на „Џаст Џаред“ на Инстаграм за оваа тема, Џоан напиша: „Два збора: SUMMER HOUSE! Тоа ќе објасни сè“.

„Џаст Џаред“ го протолкува коментарот како алузија на конфликтот меѓу Сиара Милер и Аманда Батула во популарното реално шоу на „Браво“, „Самер хаус“.
Претходно годинава, по повеќенеделни гласини и шпекулации, Аманда и учесникот во шоуто Вест Вилсон ја признаа својата врска. Откритието ги изненади и гледачите и останатите учесници, бидејќи Вест претходно имал кратка романса со Сиара, која со години ѝ била блиска пријателка на Аманда.
Смолс одговори и на гласините за зависност од дрога
Друг корисник на Инстаграм напиша: „Прочитав дека наводната кавга е поради зависност од дрога, дека едната се обидувала да ѝ помогне на другата и дека тоа на крајот им го уништило пријателството“, при што навестуваше дека станува збор за Џоан.
Џоан возврати: „Кога станува збор за црна жена или Латиноамериканка, секогаш посегнуваат по обвинувања за злоупотреба на дрога. А тоа нанесува штета. Во меѓувреме, вистинската личност што користи лекови без рецепт од друга земја прави нешто незаконско. Ве молам, не ме терајте да прозборам…“

Се споменува и Том Брејди, но тврдењата не се потврдени
Според дојава испратена до „Ду Моа“, Том Брејди можеби е во средиштето на несогласувањето. Сепак, ова тврдење останува целосно непотврдено.
И Кендис и Џоан со години работат како модели за „Викторијас сикрет“. За брендот некогаш настапуваше и поранешната сопруга на Том, Жизел Бундхен.

Извор: Just Jared