Home Шоубизнис Водителките на „Д Вју“ и оваа година без костими за Ноќта на вештерките

Водителките на „Д Вју“ и оваа година без костими за Ноќта на вештерките

Логото на емисијата „Д Вју“

Водителките на „Д Вју“ нема да носат костими за Ноќта на вештерките ниту оваа година, објави „Ентертејнмент викли“.

Во актуелната водителска постава се Вупи Голдберг, Џој Бехар, Сара Хејнс, Ана Наваро, Сани Хостин и Алиса Фара Грифин. Тие последен пат се маскираа за празникот во 2023 година.

Минатата година за Ноќта на вештерките однапред снимија воведен сегмент. Во најавата за емисијата следната недела е вклучена и нивната позната рубрика „Boo Are You Wearing?“, во која се појавуваат деца облечени во костими.

Во 2024 година беше објавено дека водителките решиле да ја прескокнат традицијата со маскирање поради изборната година. За да се појават во костими, емисијата требало да биде снимена однапред. Но, бидејќи до претседателските избори останувале само неколку дена, тие не сакале да се откажат од емитување во живо.


Извор: Just Jared

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Џоан Смолс навести крај на пријателството со Кендис Свонепул: се споменува и Том Брејди, но без потврда

По заедничкото појавување на ревијата на „Викторијас сикрет“ за 2026 година, коментарите н…