
Официјално почна снимањето на „The Families Stone“, продолжението на филмот „Семејството Стоун“.
Сара Џесика Паркер и Дермот Малруни беа забележани како пристигнуваат на сетот во Бруклин, Њујорк, во средата попладне, на 21 октомври, за да снимаат сцени за новиот филм.


На снимањето беа видени и Клер Дејнс и Лук Вилсон, кои играа и во првиот филм.
На сетот се појави и Меги Сиф, која не беше дел од оригиналната актерска екипа. Нејзиното присуство навестува дека можеби добила улога во продолжението.

„The Families Stone“ беше најавен минатиот месец. Томас Безуча, сценаристот и режисер на омилениот празничен филм од 2005 година, повторно ќе го пишува сценариото и ќе ја преземе режијата.
Во своите улоги се враќаат и Рејчел Мекадамс, Крег Т. Нелсон, Тајрон Џордано, Елизабет Ризер, Пол Шнајдер и Брајан Вајт.
Дејството во продолжението се одвива 20 години по смртта на Сибил, мајката во семејството Стоун, која ја играше покојната Дајан Китон.

Извор: Just Jared