Home Мода и убавина 5 правила за нега на кожа после 25 години

5 правила за нега на кожа после 25 години

Кога ќе наполните 25 години, вашата кожа бара посебна нега. Како што се грижите за вашата кожа по 25-тата година, тоа ќе влијае на вашиот изглед после 35-тата. Потребно е да пронајдете рамнотежа помеѓу правилното чистење, хидратацијата и спречувањето на првите знаци на стареење.

МАСКА ЗА ЛИЦЕ

По 25-тата година, нанесувајте маска за лице 3 пати неделно. Исто така, во текот на летото, користете серум на база на хијалуронска киселина – не само што ќе ја хидрира кожата, туку ќе го освежи и вашето лице.

ЗАШТИТА НА КОЖАТА

Заштитата на кожата од сонце по 25-тата година треба да ви стане навика, исто како миењето на забите наутро. Не е важно дали одите на плажа или на работа – кожата треба да биде заштитена. Изберете дневна крема со СПФ-фактор.

ХИДРАТАЦИЈА

Без оглед на годините, хидратацијата на кожата е обврска. Изберете квалитетни креми со минерални масла и глицерин.

БЛАГО ЧИСТЕЊЕ

Првата работа на која треба да обрнете внимание е чистењето на кожата. Козметичарите препорачуваат користење на природни и благи производи за чистење на кожата.

МАСАЖА

По 25-тата година е време да размислите за масажа на лицето. Во случај оти од некоја причина не сте подготвени да посетите козметичар, масажата може да ја направите дома: со раце или со специјални помагала. Како основа за масажа користете го вашето омилено масло или серум за лице.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Инстаграм тренд: чанти за на плажа и за во град

Модерни и разноврсни… Ако некогаш ги обожававме микро торбите и платнените торби ги …