Ослободете се од проблемите со кожата со помош на оваа природна маска.
Купусот помага да се елиминира вишокот маснотии од кожата и ја прави уморната кожа да изгледа здрава и сјајна. Овој зеленчук е голем помошник во борбата против акни. Тој е богат со кератин, протеин кој е неопходен за здрава коса, нокти и кожа. Витаминот А од купусот лекува воспаленија, ја нормализира производството на поткожно ткиво, ги ублажува брчките и стриите, и ги отстранува старечките дамки. Витаминот Ц ја подмладува епидермата, додека органските киселини не дозволуваат на кожата да старее.
Свежиот купус е добар за сува и масна кожа. Најдобро е маската да се нанесе на добро исчистено лице и да дејствува околу дваесетина минути. Можете да ја употребувате маската еднаш неделно.
Рецепт за маска од купус
- 2-3 листа свеж купус
- 2 лажици оризово брашно
- неколку капки бадемово или маслиново масло
Исецкајте го купусот и со помош на блендер направете паста од листовите. Измешајте ја со оризовото брашно и маслото. Нанесете ја маската на лицето и оставете да се исуши целосно. По 20 минути добро исплакнете го лицето со млака вода.
Ако имате масна кожа, подобро е да не додавате масло во маската. Наместо масло, можете да додадете белка од јајце. Купусот е одличен производ против брчки и опуштена кожа, додека бадемовото или маслиновото масло ја хидрираат кожата.