Летото е период кога модата добива чувство на слобода и безгрижност.
Плажата не е само место за опуштање и уживање под сонцето и морскиот воздух, туку и идеално место за изразување на нашиот стил. Изгледот на облеката за на плажа еволуираше во многу повеќе од само костими за капење и пешкири. Тоа е можност да ја покажеме нашата личност преку единствени и различни стајлинзи.
Наместо да носите исти костими за капење и шорцеви повторно и повторно, зошто да не размислите за нешто ново? Како и секогаш досега, инспирација наоѓаме на профилите на нашите омилени инфлуенсерки.
Погледнете што носат тие на плажа и „копирајте“ ги нивните стајлинзи.