Кој пар не би посакал да има сексуален живот сличен на оној што го имаат прекрасните Зак Ефрон и Тејлор Шлинг во филмот „Заувек твој“?
Секоја жена која го гледала овој филм сака да ги направи вистински сцените на страст и желба и да ги доживее со својот партнер. Тоа е неизбежно. Секој сака возбудлив сексуален живот.
Како би постигнале нешто слично, потребно е постојано да внесувате новитети во вашиот интимен живот. Рутината на крајот се досадува на секого, и затоа е неопходно еден од партнерите, или двајцата, да одлучат да направат нешто за да ја запалат повторно искрата на страста што постоела на почетокот од врската. Прашањето е: Како да го постигнете тоа?
Велат дека она што не го планирате излегува најдобро – и тоа е точно. Сепак, едно истражување од Универзитетот во Торонто вели дека постои трик што можете да го примените за да го збогатите интимниот живот, а тоа е ПЛАНИРАЊЕТО.
Претпоставуваме дека ќе помислите дека тоа е бесмислица и дека однапред планираниот сексуален однос не може да ја разруши рутината, бидејќи со времео, како што врската се развива, се губи возбудата која е тесно поврзана со сексуалното уживање. Оние што се занимавале со ова истражување, велат дека планирањето може да биде вистински извор на брачна среќа, иако изгледа спротивно. Има смисла ако земеме предвид колку „брзо“ живееме и колку ни недостасува време. Потребни ви се неколку секунди да земете хартија и молив и да направите листа на приоритети (обврски) за следната недела. Потоа, одговорете на следното прашање: Дали на таа листа се наоѓа вашиот интимен живот? На кое место се наоѓа? Доколку некоја активност (наречеме ја така) не се наоѓа на вашата листа на приоритети, како може да се подобри? Кога сакате да изгубите вишок килограми, дали правите план како да го постигнете тоа? Се разбира! Истото важи и за сексуалниот живот.
Значи, не станува збор за тоа да го означите датумот во календарот кога ќе водите љубов со вашиот партнер или да испратите порака со следната содржина: „Љубов, те чекам денес во 21:56 во нашата соба, за да имаме сексуален однос, бидејќи знаеш, мораме да поработиме на нашиот сексуален живот.“ Ова навистина е бесмислено и единствено што би постигнале е да ја „убиете“ страста и желбата во рок од една секунда.
Правилната формула (ако можеме така да ја наречеме) е двајцата да најдете момент во опуштена, интимна атмосфера со цел да се присетите како беше на почетокот на врската, оние денови кога почнувавте да се запознавате, кога експериментиравте, истражувавте тела еден на друг, гледавте што ви причинува задоволство а што не… Треба да се потсетите на оние детали и ситници на кои провавате за да ја разбранувате што повеќе страста, вашата и на вашиот партнер.
Оваа техника е наречена “позитивен секс”. Името произлегува бидејќи не станува збор само за сеќавање на добрите моменти од вашиот сексуален живот, туку и за фокусирање на сите оние детали кои му се допаѓаат на вашата сакана личност и кои сте спремни да ги направите еднаш, двапати или колку пати е потребно, за неговото задоволство. Ова е еден од начините за да се разбие рутината која со времео се создала. Многу е возбудливо, убаво и емотивно да оживеете сеќавањата на првите состаноци, кога двајцата сте чувствувале дека нежностите упатени кон одредена зона на вашите тела дополнително ве возбудуваат. Оживејте заедно со партнерот моменти како романтични вечери, прошетки, детали кои ве оборија од нога и кога сфативте дека се вљубувате еден во друг.
Луѓето кои учествуваа во ова истражување, беа многу искрени и рекоа дека оваа техника им го подобрила сексуалниот живот за само една недела. Вреди да се проба и да започнете сè, да речеме, со едно писмо, испраќање на некаква ситница во канцеларијата на вашиот партнер, излегување во ресторан во кој никогаш не сте биле, или дури и посета на хотел кој се наоѓа на плажа или планина. Заслужувате ваква шанса!