ASUS ExpertBook Ultra е создаден за професионалци на кои им се потребни мобилност, перформанси и доверливост без компромиси.
Со тежина од само 0,99 кг и тенко магнезиум-алуминиумско куќиште од 10,9 мм, лесно се вклопува во секој работен ден — од канцеларијата и состаноците, до патувањата и работата во движење.
Она што е од особеност за ваков лаптоп не е само тоа што е лесен, туку што не изгледа како да е затоа направен компромис. Во деловното опкружување разликата помеѓу „може да се носи“ и „не се чувствува во чантата“ многу значи, особено на луѓето кои често се на состаноци, аеродроми или помеѓу канцеларии. Од друга страна, 3K Tandem OLED екранот не е само убав детал на хартија — високата светлина, прецизен приказ на бои и подобра читливост директно влијаат на тоа колку е пријатна работата во текот на долгиот ден.
Во срцето на уредот се наоѓаат Intel® Core™ Ultra процесори, со посебно AI забрзување кое овозможува побрза и поефикасна работа со современи алатки. AI функциите овде имаат смисла затоа што не се претставени како трик, туку како помош во работите кои деловните корисници навистина ги прават секој ден: состаноци, белешки, преводи, пребарување документи, пишување и организација на информации. ASUS MyExpert дополнително го поедноставува тој дел на работа, бидејќи обединува алатки кои штедат време без потреба корисникот постојано да скока помеѓу различни апликации.
Батеријата со траење до 24 часа и брзо полнење до 50% за само 30 минути се можеби меѓу најпрактичните карактеристики. Тоа значи помало размислување за полначот, помало барање за штекер и повеќе слобода да се користи лаптопот онака како што работата навистина изгледа — не во идеални услови, туку во реален ден полн со состаноци, повици и патувања.
Особено е интересно и тоа што унгарскиот ASUS маркетинг тим го испратил ExpertBook Ultra со метеоролошки балон на висина поголема од 8.500 метри, каде што лаптопот работел на температура од -42,5°C. Секако, повеќето корисници никогаш нема да го користат лаптопот во такви услови, но баш затоа тој тест е добар пример. Тој покажува дека издржливоста не е само ставка во каталогот, туку нешто што може да се поврзе со реален стрес на кој уредот може да биде изложен: студенило, притисок, вибрации, удари и транспорт.
ExpertBook Ultra не е само тенок и елегантен — направен е да трае. Nano Ceramic технологијата донесува 9H отпорност на гребење и дамки, додека MIL-STD-810H тестирањето ја потврдува издржливоста во барани услови. Со ASUS ExpertGuardian, TPM 2.0, Microsoft Pluton и напредна заштита на BIOS и сoфтвер, уредот дава ниво на безбедност кое современите претпријатија го очекуваат.
Затоа ASUS ExpertBook Ultra најдобро функционира како спој на три работи кои се навистина важни во деловниот свет: премиум дизајн, конкретна продуктивност и доверба дека уредот ќе работи тогаш кога е најпотребно.