Home Живот и здравје Чудни знаци кои укажуваат на недостаток од сон

Чудни знаци кои укажуваат на недостаток од сон

Поголемиот дел од луѓето дефицитот на сон го замислуваат прилично едноставно – темни кругови под очите, умор, лошо утро и уште едно огромно кафе.

Меѓутоа, организмот е многу подраматичен отколку што мислиме. Кога не добива доволно одмор, телото почнува да праќа многу чудни и често целосно неочекувани сигнали на предупредување. И тука настанува проблемот: многу симптоми кои изгледаат случајни всушност може да имаат врска со хроничниот недостаток на сон.

Експертите за нарушувања на спиењето предупредуваат дека недоволниот сон не влијае само на енергијата, туку буквално го менува начинот на кој мозокот функционира, како телото ги регулира емоциите и дури што сакаме да јадеме.

Еден од најчестите знаци е чувството на ментален хаос – неможност за концентрација, импулсивност и чувство дека мислите „скокаат“ без контрола. Кај некои луѓе симптомите може дури да личат на ADHD, поради што многумина погрешно мислат дека проблемот е во фокусот, а не во исцрпеноста.

Тука е и одненадежната опсесија со брза храна. Кога телото нема доволно сон, хормоните на гладот излегуваат од баланс, па мозокот почнува да бара масна, солена и ултра процесирана храна како моментален извор на енергија. Затоа, после лошо преспиена ноќ често се јавува необјаснива желба за грицки, бургери или слатки.

Недостатокот на сон посебно ги погодува емоциите. Ситници почнуваат да нервираат повеќе отколку обично, толеранцијата намалува, а мозокот реагира подраматично на стресни ситуации. Експертите објаснуваат дека неизспиениот мозок тешко ги контролира емоционалните реакции, поради што луѓето стануваат почувствителни, поимпулсивни и понервозни.

Интересно е и тоа што исцрпеноста влијае на донесувањето одлуки. Кога мозокот е преморен, полесно попушта под притисок, побавно ги анализира информациите и почесто прифаќа работи кои во нормална состојба можеби не би ги прифатил.

Телото понекогаш испраќа и физички сигнали кои изгледаат целосно неповрзано со спиењето – утрински главоболки, стегање на вилицата или скрцкање на забите за време на ноќта можат да бидат поврзани со лошиот квалитет на сон и проблемите со дишењето за време на спиењето.

Еден од најпотценетите симптоми е честото будење за време на ноќта поради одење во тоалет. Мнозина мислат дека проблемот е само во внесот на течности, но експертите предупредуваат дека константното прекинување на сонот може да биде поврзано и со нарушувањата на дишењето за време на ноќта.

Најважно нешто што современата медицина денес се погласно го повторува е дека спиењето не е луксуз ниту „губење време“, туку основна биолошка потреба. Без квалитетен сон телото не успева да ги регулира хормоните, емоциите, апетитот и обновата на организмот.

И можеби затоа уморот стана еден од најпотценетите здравствени проблеми на модерниот живот, бидејќи телото честопати шепоти многу пред да почне сериозно да „вреска“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Начинот на кој комуницирате со вашиот миленик ја одредува вашата среќа

Во светот каде стресот се трупа секојдневно, речиси незабележливо, еден од наједноставните…