Home Вебкафе Крај на бајковидната љубов? Холивуд зборува за разводот на Кирa Најтли и Џејмс Рајтон

Крај на бајковидната љубов? Холивуд зборува за разводот на Кирa Најтли и Џејмс Рајтон

Холивуд последниве денови ечи од гласини за наводниот развод на Кира Најтли и нејзиниот сопруг, музичарот Џејмс Рајтон, по повеќе од деценија брачен живот кој важеше за еден од најдискретните и најстабилните во светот на славните.

Се започна со лавина шпекулации откако папараците го фотографираа Рајтон додека опуштено возеше велосипед низ улиците на Лондон, без бурма на раката. Доволно за социјалните мрежи да експлодираат, а обожавателите веднаш почнаа да анализираат секој детал од нивната врска.

Гласините се појавија уште на почетокот од годината, кога беше откриено дека славната британска актерка го отстранила презимето на својот сопруг од официјалната документација на компанијата поврзана со нејзините деловни проекти. Оттогаш интернетот не престанува да шпекулира дали елегантниот пар тивко ставил точка на својата љубовна приказна.

Сепак, цела ситуација станува уште мистериозна бидејќи на почетокот од април, Кира Најтли, нејзиниот сопруг и нивните ќерки беа видени заедно на семеен одмор во романтична Венеција. Фотографиите тогаш изгледаа како доказ дека меѓу нив сè е во најдобар ред, но најновите потези повторно ги зголемија сомнежите.

Нивната љубовна приказна започна уште во 2011 година, далеку од типичниот холивудски гламур. Во брак влегоа две години подоцна на интимна и многу скромна церемонија на југот од Франција, без помпа и спектакл кои обично ги следат славните парови. Со години важат за тандем што успешно балансира помеѓу приватниот живот, родителството и кариерата под рефлектори.

Парот има две ќерки, а Кира Најтли повеќепати отворено говореше колку мајчинството ја променило. Последниве години свесно ја успорила кариерата и избирала помалку проекти за да поминува повеќе време со семејството.

Во едно интервју минатата година, актерката низ смеа го опиша нивниот брак со реченица која сега сите повторно ја цитираат: „Страшно си одиме на нерви, но неверојатно се смееме заедно.“ Токму поради таа искрена, малку хаотична хемија, многумина ги доживуваат како еден од ретките автентични парови во индустријата.

Ѕвездата на филмовите Pirates of the Caribbean: The Curse of the Black Pearl и Pride & Prejudice претходно призна и дека повеќе не сака изморувачки филмски франшизи и долгомесечни снимања ширум светот, бидејќи семејството ѝ станало апсолутен приоритет.

Дали е во прашање само минлива фаза, маркетиншка бура или навистина крај на една од најдолговечните љубови на британскиот шоу-бизнис – засега никој службено не потврдува, но интернетот веќе денови наназад го следи секој нивен чекор.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Камерон Дијаз на 53 години го доби третото дете и повторно го изненади Холивуд

Прекрасната вест доаѓа од Холивуд – Камерон Дијаз и нејзиниот сопруг Бенџи Мејден ст…