Со децении женскиот оргазам беше обвиен со вел од мистерија, полуинформации и прилично застарени теории кои на жените наметнале целосно погрешна слика за сопственото тело.
Генерации израснале верувајќи дека постои некоја “правилна” врста на задоволство на која треба да се стреми, додека сè останато е помалку важно, помалку зрело или дури погрешно. Денес современата сексологија ги руши тие митови еден по еден и открива дека женското возбудување е многу покомплексно, сензуално и интересно отколку што некогаш се мислеше.
Голем дел од конфузијата почнала уште со теориите на Сигмунд Фројд, кој женското задоволство го поделил на “зрело” и “незрело”. Според неговите ставови, клиторискиот оргазам се сметал за инфантилен, додека вагиналниот бил претставен како врвот на женската сексуалност. Проблемот? Науката подоцна покажа дека човечкото тело функционира комплетно поинаку.
Дури многу години подоцна сериозни истражувања на женското задоволство почнаа да ја менуваат сликата за сексуалноста. Научниците откриле дека клиторисот не е само мала надворешна точка, туку импресивен внатрешен орган со мрежа на нервни завршетоци кои се простираат длабокo внатре во карлицата. Токму затоа при пенетрација доаѓа и до негово стимулирање, дури и кога не сме свесни за тоа.
Со други зборови – телото никогаш не реагира “само вагинално”. Во целата приказна се вклучени нерви, мускули, карлично дно, мозок, хормони и емоции. И тука всушност започнува вистинската магија на женското возбудување.
Кога телото ќе се возбуди, се менува речиси сè. Пулсот се забрзува, дишењето станува подлабоко, кожата потопла, а телото влегува во состојба на интензивна сензорна будност. Градите стануваат почувствителни, усните на вагината надувуваат, а мозокот почнува да ослободува коктел хормони кои го прават секој допир поголем, поинтимен и поемотивен. Допаминот, окситоцинот и адреналинскиот налет заедно создаваат чувство на поврзаност, возбуда и задоволство.
Стручњаците објаснуваат дека оргазмот не е едноставна “механичка реакција”, туку цел процес на собирање на сензации, емоции и психолошко опуштање. Токму затоа расположението, довербата, привлечноста и атмосферата играат огромна улога.
И додека социјалните мрежи често нам наметнуваат идеја за “идеално” сексуално искуство, реалноста е многу поразлична. Многу жени не можат да доживеат оргазам исклучиво со пенетрација и тоа е сосема нормално. Повеќето имаат потреба од директна стимулација на клиторисот, подолга предигра, емоционална поврзаност или едноставно повеќе време за да се препуштат на моментот.
Современата сексологија затоа сè помалку користи строги поделби на “типови” на оргазми. Зашто телото не функционира според правилата од филмови за возрасни ниту според старите теории од минатиот век. Секое искуство е индивидуално, а задоволството нема единствена формула.
Најважното откритие можеби е токму она што носи најголемо олеснување: не постои “погрешен” начин жената да доживее задоволство. Не постои помалку вреден оргазам, ниту универзален образец кој сите мора да го следат. Сексот не е тест на перформансите, туку простор за истражување, блискост, хемија и уживање без притисок.
И можеби токму тоа е најмодерната дефиниција за добар секс – помалку оптовареност со правила, а многу повеќе слушање на сопственото тело.