Home Мода и убавина Осветлете ја кожата под пазувите со природна маска и пилинг

Осветлете ја кожата под пазувите со природна маска и пилинг

Со тек на време, кожата под мишките почнува да потемнува, било тоа поради бричење или поради зголемено потење…

Сепак, нема потреба да се грижите, бидејќи ова не е никакво кожно заболување или слично. Постојат многу причини за овој феномен, како што се бричењето, потењето, синтетичката облека, употребата на дезодоранси кои содржат алкохол и насобраните мртви клетки.

Ако мислите дека имате некој поголем проблем што предизвикува појава на овие дамки, посетете лекар, кој ќе ги отстрани сомнежите и ќе ви каже зошто навистина ги имате.

За да се подготвите за сезона на капење и слободно да ги покажете мишките без да размислувате дали некој ви ја забележува разликата во бојата на кожата или не, ви претставуваме два одлични рецепти за правење маска и пилинг кои ќе го решат овој проблем. Многу се едноставни.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 2 лажици брашно;
  • 1 лажица лимонов сок;
  • 1 лажица млеко;
  • Мало количество куркума (врв од мала лажичка или еден прстофат)

Сите состојки добро измешајте за да добиете густа паста. Истријте ја на кожата под мишките и оставете ја да делува 30 минути. Исплакнете со млака вода и нежно избришете со пешкир.

За пилинг ви се потребни само сода бикарбона и кокосово масло. Во една чинија ставете еднаков однос на кокосово масло и сода бикарбона и добро измешајте додека не се соедини. Со кружни движења нанесете ја добиената смеса на кожата под мишките и оставете малку да делува, потоа исплакнете со млака вода и исушете.

Во овој рецепт, ако немате кокосово масло, можете да го замените со лимонов сок, мед или јаболков оцет – секоја варијација е добра и ефикасна.

Исто така, содата бикарбона е многу добро средство за нега на кожата под мишките, бидејќи со нејзиното абразивно делување ги отстранува мртвите клетки од кожата и има антибактериско дејство – ги неутрализира непријатните мириси бидејќи ги отстранува бактериите кои ги предизвикуваат. Сосема можно е да ја замени и дезодорансот бидејќи е здрава.

Еднаш неделно користете маска и пилинг на кожата под мишките (комбинирајте – една недела маска, друга пилинг) и добри резултати ќе бидат загарантирани!

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Како да носите балон здолништа од 2000-те кои повторно се во мода

Имаме мешани чувства за овој конкретен тренд, сепак, понекогаш наизглед „грдите“ парчиња м…