Дали си бремена? Ох, супер! Дали е момче или девојче?, прашуваат речиси сите кога ќе ја слушнат среќната вест. Слободно кажете им дека не го знаете полот и дека тоа ќе го откриете дури кога ќе се роди бебето. Еве зошто.
Освен со ултразвук, полот на бебето во стомакот на мајката може да се утврди и со други методи. Девојчињата се „носат високо“ и ги бараат бремените да јадат слатко. Момчињата се ниско и поради нив идните мајки жедат за кисела храна. Овие примитивни проценки можат да бидат забавни за некои, но ако не сте во таа група, слободно игнорирајте ги. Стомакот е ваш, како и апетитот, и не се однесува на другите луѓе.
Особено е навредливо ако некој ве праша како сте ја „направиле“ бебата, бидејќи се верува дека и положбата при сексот може да го одреди полот.
Ако веќе имате ќерка и сакате син, подобро е да не се разочарате веке во првото тромесечие. Иако, секогаш бебето се дочекува без разлика на полот, ќе ви каже секој родител, особено кога подоцна ќе сфати колку добро се согласуваат две сестри или браќа.
Очекувањето на полот на бебето може да биде и дополнителна мотивација при породувањето. Истражувањата покажале дека бремените кои не знаеле однапред дали ќе родат момче или девојче, помалку се плашеле од породувањето, подобро соработувале со лекарите и бабиците, делумно поради тоа што биле мотивирани конечно да го дознаат полот на детето.
Кога бабите, дедовците и останатите не знаат што носите во стомакот, нема да ве опсипуваат со тони сина или розова облека, барбики или автомобилчиња. Неведението може ефикасно да ги принуди да размислуваат надвор од шаблоните, да бидат покреативни.
Некои ќе кажат дека полот на бебето секогаш е изненадување, без разлика кога сте дознале дека ќе имате син или ќерка. Да, така е, но многу родители рекле дека магичниот момент на раѓање е посебно возвишен со дополнителната информација на која чекаа девет месеци.