Ако мислиш дека тајната на здрава, сјајна кожа лежи само во кремите и суплементите, време е да погледнеш малку поблиску… во фрижидерот!
Науката е јасна: исхраната е клучот, а сè започнува со една магична збор – колаген.
Колагенот е протеин кој на твојата кожа и дава цврстина, еластичност и таа сочна, полна текстура што сите ја обожаваме. Проблемот? Со текот на времето телото произведува сѐ помалку. Затоа експертите препорачуваат покрај негата на кожата однадвор, да дадеш приоритет и на природните извори на колаген – бидејќи твоето тело го препознава и го користи побргу кога доаѓа директно од храната.
Еве четири типа зеленчук кои не смеат да ти недостигаат во кошницата ако сакаш природно да ја „разбудиш“ продукцијата на колаген:
Лук – таен анти-старечки херој
Можеби го избегнуваш пред излегување, но лукот е вистинска ризница за кожата. Богат е со сулфур, елемент кој помага во синтеза на колаген и – најважно – го спречува неговото разградување. Редовното воведување на лукот во оброците ја зајакнува природната одбрана на твоите клетки.
Зелени листести зеленчуци – колаген со моќта на хлорофил
Спанаќ, кељ, блитва… нивната интензивна зелена боја го крие хлорофилот, познат по своите силни антиоксидативни својства. Студиите покажуваат дека хлорофилот ги зголемува прекурсорите на колаген во кожата, и покрај тоа нуди витамини кои штитат од предвремено стареење предизвикано од сонцето.
Домат – антиоксидантно оружје за екстра колаген
Само еден среден домат може да ти обезбеди и до 30% од дневната потреба за витамин Ц, клучен за продукција на колаген. Освен тоа, доматот е полн со ликопен, моќен антиоксидант кој го чува здравјето на кожата и ја штити од слободните радикали.
Пиперки – витамин Ц во сите бои
Ако мислиш дека само портокалите имаат витамин Ц, време е да ја преиспиташ таа теорија. Црвените пиперки се вистинска “бомба” на витамин Ц, ултимативниот поттикнувач на продукцијата на колаген во телото.
Што треба да се избегне?
Не е доволно само да се јадат вистинските намирници – мораш и да престанеш со „нападите“ на колагенот што веќе го имаш. Шеќерот и преработените јаглехидрати (бело брашно, слатки) предизвикуваат воспаление, ги уништуваат колагенските влакна и го забрзуваат стареењето на кожата.
И додека науката сеуште истражува дали колагенот од храната директно завршува во кожата, едно е сигурно: исхраната богата со витамин Ц, цинк и аминокиселини му дава на телото сѐ што му е потребно за да создаде цврста, сјајна и младешка кожа.