Да, мислиме токму на оние кои се влечат по тротоарот додека вие клучате внатре.
Постојат ситници кои нè изнервираат побрзо од лош Ви-Фи. Една од нив? Луѓе кои одат споро. Онака… без цел, без брзање, како да се во реклама за успорен живот, додека вие трчате низ денот со милион обврски.
Додека некои немаат проблем да се прилагодат на туѓото темпо, други веќе по три чекори чувствуваат како им скока пулсот. И не – не е работа на лошо расположение. Психологијата вели дека оваа нервоза има врска со личноста, начинот на размислување и односот кон времето. Накратко: ако ве нервира бавно одење, веројатно се препознавате во овие особини.
7 нешта кои ги имаат заедничко луѓето кои не можат да поднесат бавно одење
1. ОПСЕДНАТИ СЕ СО ЕФИКАСНОСТА
Сè мора брзо, конкретно и без празен ход. Да стоите зад некој што се влече? Чисто губење на животот.
2. СЕКОГАШ СЕ ВО „ТАРГЕТ МОД“
Цели, планови, чек-листи. Одењето за нив е само начин да стигнат до следната точка, не момент за филозофија.
3. НЕТРПЕЛИВИ СЕ ДО НАЈГОЛЕМА СТЕПЕН
Сè што е поврзано со успорување предизвикува блага нервна криза. Нивниот внатрешен часовник постојано ѕвони: ајде, ајде, ајде.
4. ОРГАНИЗИРАНИ СЕ ДО КОСКА
Сакаат ред, распоред и контрола. Знаат точно каде одат, колку им треба и зошто немаат време за туѓиот slow motion.
5. МИСЛАТ ПОБРЗО ОД КОЛКУ ШТО ОДАТ
Мозокот им е во петта брзина, па им е тешко да следат некој што физички каска три чекори зад нивните мисли.
6. БРЗО СЕ ИСЦРПУВААТ ВО ГУЖВА
Јавни простори + бавни луѓе = ментален умор. Од одење до чекање во ред – сè им оди на нерви.
7. ИМААТ ТАКМИЧАРСКИ ДУХ (ДУРИ И КОГА ГО КРИЈАТ)
Не се натпреваруваат отворено, но во себе веќе знаат: јас би го направил ова побрзо. Дури и кога само одат до продавницата.