Home Мода и убавина Ова се патиките што веќе сите ги носат на Инстаграм и ТикТок

Ова се патиките што веќе сите ги носат на Инстаграм и ТикТок

Иако дизајнерите најавуваат дека балетанките и понатаму доминираат со модните трендови и ќе бидат инспирација за стајлинзи во 2026 година, едно е сигурно – патики сѐ уште имаат посебно место во нашите гардероби и срца.

Во светот на модата кој постојано бара експериментирање и освежување на стилот, удобните патики остануваат незаменлив дел – совршено се комбинираат со секоја облека и нѐ прават да се чувствуваме како најдобрата верзија од себе.

На социјалните мрежи веќе се појави едно специфично име – патики кои го освоија „фидот“ и на Инстаграм и на ТикТок. Станува збор за New Balance 204L моделот, кој стана моментален хит меѓу љубителките на мода. Нивната mocha mousse нијанса, една тренди варијација на бојата печурка, одлично се вклопува со секој стајлинг, додека дизајнот е доволно флексибилен за секојдневни, но и за пософистицирани пригоди. Со својата елеганција потсетуваат на модели од високата мода, а многумина ја препознаваат сличноста со соработката помеѓу Миу Миу и New Balance.

Модните инфлуенсерки веќе пронајдоа начин да им додадат уште поголем стил – така што додаваат повеќе врвки на еден пар, со што добиваат речиси дизајнерски изглед за секојдневните комбинации. Ако сѐ уште не си ги пронашла омилените патики за 2026 година – ова е модел кој дефинитивно не треба да ти промакне.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

3 заводливи црвени кармини што ќе го направат вашиот изглед за Денот на вљубените совршен

Денот на вљубените е совршена прилика да заблескате и ја покажете најсилната, најженствена…