Home Мода и убавина Како правилно да ги нашминкате очите според нивната форма

Како правилно да ги нашминкате очите според нивната форма

Совршеното шминкање започнува од една едноставна работа: препознавање на точниот облик на очите.

Во овој текст ќе дознаете како да го одредите вашиот облик на очи, што точно да користите при шминкање и каде секој производ треба да оди.

Тешко е да се нашминкате според обликот на лицето или очите доколку не сте сосем сигурни што точно имате. За да ви го олесниме животот, барем кога станува збор за шминка, ќе ви прикажеме визуелно и ќе ви објасниме како да го утврдите обликот на вашите очи. Секој туторијал содржи три чекори кои ги прикажуваат основите на шминкањето, а вие можете да експериментирате со темни нијанси, вештачки трепки и слично – сѐ според приликата за која се шминкате. Од дневен до вечерен, подраматичен изглед – изборот е ваш.

Штом го совладате овој „шаблон“, ќе бидете подготвени за секоја прилика за помалку од пет минути.

1. Капак без преклоп (монолид)

Ако вашиот горен капак нема видлив преклоп или истиот е минимално нагласен, тогаш имате монолидни очи, а челната коска ви е поизразена. Овој тип очи е наjчесто застапен кај азиското население.

Чекор 1: Нанесете светла сенка низ целиот капак. Ова ќе ви послужи како подлога за останатите сенки.

Чекор 2: Од линијата на трепките до средината на капакот (каде што би требало да биде природниот преклоп), нанесете малку потемна сенка со сјај.

Чекор 3: Обележете ја линијата на трепките со темен ајлајнер или молив. Над неа нанесете сенка во истата боја и размачкајте ја нагоре.

2. Спуштени капаци

Овој облик се карактеризира со внатрешен капак кој лесно се спушта. Може да изгледа нежно спуштен како на сликата или да биде уште поизразен (како кај Кејти Холмс). Кај некои жени ова е веднаш видливо, кај други не толку. За да проверите, затворете го едното око – ако капакот ви се набира барем малку, имате спуштени капаци.

Чекор 1: Нанесете сјајна сенка на капакот, концентрирајќи се на челната коска.

Чекор 2: Малку потемна сенка нанесете блиску до трепките. Потоа нанесете светла мат нијанса во надворешниот агол на окото и добро размачкајте ја кон надвор.

Чекор 3: Ставете темен ајлајнер или молив на линијата на трепките, почнувајќи од внатрешниот агол кон надворешниот. Продолжете ја линијата и подигнете ја нагоре за окото визуелно да изгледа пошироко.

3. Бадемести очи

Најголемиот број жени имаат ваков облик – благо издолжени очи со нагоре свртени краеви.

Чекор 1: Нанесете светла сенка од линијата на трепките до веѓите.

Чекор 2: За да добиете димензија, нанесете потемна нијанса над линијата на трепките, нагласувајќи ја бојата на надворешниот агол од окото.

Чекор 3: Завршете со молив – исцртајте линија по горната и долната линија на трепките.

4. Округли очи

Ако ви рекле дека имате големи очи, веројатно вашиот облик е овој. Характеризирани со изразени белици, овие очи не бараат многу шминка за да изгледаат „разбудено“.

Чекор 1: Нанесете сенка во „nude“ нијанса низ целиот капак, за да го изедначите тонот и отстраните црвенило или потемнети делови.

Чекор 2: Со течен ајлајнер нанесете тенка, прецизна линија што најблиску пасува до линијата на трепките. Повторете ја истата постапка и под долните трепки.

Чекор 3: Од внатрешната страна на долниот капак, нанесете молив во боја на кожа. На овој начин очите визуелно ќе изгледаат посветли и поживи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Апре ски 2026: 5 трендови што ја претвораат планината во најстилска зимска дестинација

Планината одамна не е само бегство од градот и снежна разгледница за викенд. Во 2026 годин…