Home Мода и убавина Нокти со панделки: 10 идеи за маникир што да ги пробате во февруари

Нокти со панделки: 10 идеи за маникир што да ги пробате во февруари

Ако вашиот Instagram и TikTok не се преполни со панделки, тогаш нешто сериозно не е во ред со алгоритамот.

Панделките се вистински хит оваа година и стануваат детаљот што прави разлика, без разлика каде ќе ги додадете – во фризура, обувки, гардероба, домашна декорација, шминка, па зошто да не и на маникирот.

Bow Nails е стил кој произлегува од популарните balletcore и coquette трендови, кои веќе стекнаа огромна популарност на TikTok, а се базира на создавање на исклучително женствен изглед каде доминира светло розовата боја – без разлика дали станува збор за облека, шминка или нокти.

Мали или поголеми панделки, на еден или повеќе нокти, нацртани или во 3D форма – можат да се додадат на било кој едноставен маникир или да се комбинираат со други актуелни трендови за нокти, како францускиот маникир или хром ефектот. А бидејќи февруари почна, а овој месец сите сме малку поромантично расположени, во галеријата подготвивме листа од 10 идеи за nail art дизајни каде панделките се вистински ѕвезди.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Чевлите што ги натераа инфлуенсерките да ги заборават патиките

Патикиве неколку сезони беа незаменлив дел од секојдневните комбинации, носејќи удобност, …