Home Мода и убавина Состојката за која сите молчат – ги брише темните флеки побрзо од очекуваното

Состојката за која сите молчат – ги брише темните флеки побрзо од очекуваното

Состојката за која малкумина зборуваат, а брзо ги брише темните дамки

Светот на нега на кожа постојано се менува, трендовите доаѓаат и си одат со голема брзина. Но, одвреме-навреме се појавува состојка што тивко, без врева, го менува начинот на кој се грижиме за кожата.

Алфа арбутин е токму таков пример. Иако сè уште не е под рефлекторите како витамин Ц или ретинолот, дерматолозите и познавачите на убавина сè почесто го препорачуваат како едно од најефикасните решенија за урамнување на тенот и борба против хиперпигментации.

Суптилен, но моќен – алфа арбутинот тивко, но сигурно, станува неопходен дел од сериозните рутини за нега на кожа.

Зошто алфа арбутинот треба да биде дел од вашата рутина?

Алфа арбутинот важи за еден од најефективните, но и најнежните состојки кога станува збор за намалување на темните дамки, мелазма, сончеви пеги и лузни од акни. Неговата главна моќ лежи во прецизна регулација на производството на меланин – пигментот што е одговорен за нерамномерниот тен.

За разлика од поагресивните состојки за осветлување, алфа арбутинот не ја иритира кожата, не ја нарушува нејзината заштитна бариера и е безбеден дури и за чувствителен тип на кожа. Може да се користи секојдневно, без страв од црвенило или лупење. Резултатите се постепени, но видливи – кожата станува посветла, тенот порамномерно распореден, а лицето изгледа поисполнето и поздраво.

Ако барате состојка што делува интелигентно, а не агресивно, тогаш алфа арбутин е вистинскиот избор.

Најдобрите серуми со алфа арбутин кои вреди да ги ставите на радар, погледнете ги во галеријата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

10 парчиња облека кои мора да ги има секоја жена

10 НЕОПХОДНИ ПАРЧИЊА ОБЛЕКА КОИ ШТО СЕКОЈА ЖЕНА ТРЕБА ДА ГИ ИМА Ако сакате секогаш да изгл…