Најслаткиот animal print што сезонава го освојува маникирот
Ако досега animal print-от на ноктите веднаш го поврзувавме со леопард, зебра или кравји мотиви, време е за една понежна, поразиграна и значително порафинирана верзија.
Bambi Nails доаѓаат како најслаткиот nail тренд оваа сезона, носејќи доза на мека елеганција и модна носталгија директно на врвовите на прстите.
Овој дизајн, познат и како бамби, фоун или принт од еленче, е инспириран од препознатливото крзно на младо еленче. Карактеристични се топлите, светли црвенкасто-кафеави нијанси во комбинација со неправилни крем или бели точки што изгледаат спонтано, природно и особено шик. Крајниот резултат? Маникир што изгледа нежно, модерно и суптилно луксузно.
Bambi принтот не е нов на модната сцена. Од раните 2010-ти, па дури и порано – уште од култната 1942 година и анимираниот филм “Бамби” – овој мотив повремено се враќа како симбол на невиност, топлина и суптилна естетика. Но, оваа година се враќа со полн сјај. Веќе е забележан на модните писти и во колекциите на популарни модни куќи, на јакни, фустани, панталони, топови и аксесоари како чанти и капи. Следниот логичен чекор? Маникир.
За разлика од класичните animal принтови што често делуваат впечатливо и драматично, Bambi Nails нудат посуптилна алтернатива. Овој дизајн зрачи со тивка елеганција — совршен избор за оние што сакаат тренди нокти без премногу екстравагантност. Nude или кафеава подлога со дискретни точки лесно се вклопува со секој стајлинг — од минималистички дневни комбинации до вечерни изгледи со доза на софистициран шарм.
Посебен плус на овој тренд е неговата адаптибилност. Подеднакво добро изгледа и на кратки и на долги нокти, без разлика дали се бадемести, овални или squoval, како и во комбинација со други дизајни.
Bambi Nails инспирација: 6 модерни варијанти што вреди да се пробаат — погледнете ги во галеријата со фотографии.