Moon Boot, UGG, Inuikii, Hunter и други зимски фаворити што вреди да се уловат!
Зимата се најавува со полна сила, а планините повторно стануваат најпосакувана дестинација на сезоната. Дури и ако скијачките патеки не се вашата прва асоцијација за совршен одмор, престојот на снегот носи посебна енергија – чист воздух, побавен ритам и неодолива естетика на зимските комбинации. Токму тука на сцена стапуваат чизмите за снег кои денес не се само практичен елемент, туку клучен моден акцент во секоја après-ski комбинација.
Модерниот зимски стил одамна не прави компромис помеѓу функционалност и дизајн. Чизмите за снег веќе не се резервирани само за екстремни услови – тие се моден израз што се комбинира со големи „пуш“ јакни, плетени фустани, термо хеланки и луксузни волнени палта. А најдобриот дел? Некои од најбараните модели сега се достапни по значително пониски цени.
Ако постои момент од сезоната кога навистина се исплати да се инвестира во квалитетен пар обувки, тогаш тоа е токму сега. Добро дизајнираните чизмите за снег се препознаваат по водоотпорни материјали, топла и мека внатрешност, стабилен ѓон кој гарантира сигурност на лизгави површини, но и по дизајн кој лесно се вклопува во урбаниот зимски стил. Такви модели нудат токму брендовите кои со години го диктираат темпото во светот на зимската обувка.
Moon Boot носи футуристичка естетика и ретро дух кој стана синоним за луксузен après-ski изглед. UGG останува сигурен избор за оние кои бараат максимална удобност и топлина со препознатлива cozy естетика. Inuikii комбинира рачна изработка, премиум материјали и минималистички дизајн, додека Hunter нуди совршен баланс помеѓу функционалност и модерен урбан стил.
Како што зимата само што започна, а попустите веќе ги „трошат“ залихите, сега е идеален момент да се обезбеди пар што ќе трае повеќе од една сезона. Во галеријата издвојуваме модели кои се истовремено практични, визуелно впечатливи и моментално значително подостапни – бидејќи вистинскиот зимски луксуз почнува од топли, суви и стилски чекори.