Home Мода и убавина Деми Мур е новата муза на еден од најиконските бренда за нега на коса

Деми Мур е новата муза на еден од најиконските бренда за нега на коса

Деми Мур е новото заштитно лице на еден од најиконичните брендови за нега на коса

Симбол на безвремена убавина што не зависи од трендови или години…

Иконична, моќна и бескрајно елегантна – Деми Мур, актерка номинирана за Оскар, продуцентка и авторка на бестселери според Њујорк Тајмс, ја презема улогата на новата глобална амбасадорка на луксузниот професионален бренд за нега на коса Kérastase. Со своето хипнотизирачко присуство и смела енергија, Деми ја претставува женственоста во нејзината најавтентична и самосвесна форма – убавина која трае, без да се покорува на моменталните модни наложби.

Нејзината кариера, која се протега низ неколку децении, никогаш не ги следела правилата – таа ги поставувала наново. Од култни улоги во филмовите Дух, Непристојна понуда и Џи-Ај Џејн, до поновите проекти како Сабстанс, секоја нејзина интерпретација оставила силен и неизбришлив белег во историјата на филмот. Во најновиот ангажман – втората сезона на серијата Лендман од Тејлор Шеридан – уште еднаш ја потврдува својата уметничка посветеност и постојана желба за еволуција. Нејзината работа не само што ја обликувала поп-културата, туку ѝ донела бројни комерцијални успеси, наградите Златен глобус и САГ, како и престижната Оскаровска номинација во иста година.

И надвор од филмскиот свет, Деми Мур со децении важи за неспорен „hair icon“. Нејзината долга, темна коса денес е нејзина неизбежна карактеристика, но нејзиниот однос кон косата отсекогаш бил многу повеќе од естетика. Од целосно избричена глава, до смела пикси фризура – косата била нејзин медиум за изразување, трансформација и лична сила. Со секоја промена праќала јасна порака – убавината не е ограничување, туку став, избор и начин на кој жената стои зад себе сама.

Токму затоа спојот на Деми Мур и Kérastase изгледа целосно природно: средба на два симболи на луксуз, автентичност и безвременска елеганција, кои заеднички го редефинираат поимот на современа убавина.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

16 топли џемпери за студените зимски денови

16 Топли џемпери за студените зимски денови Време е гардеробата да се освежи со безвременс…