Вештачко крзно во боја — апсолутен хит оваа сезона
Со доаѓањето на студените денови, крзнените елеци и бунди повторно се враќаат во нашите гардероби.
Оваа сезона е обележана со големото враќање на седумдесеттите години, па затоа кусите крзнени бунди се задолжителен моден детал за сите што ги следат трендовите. Освен бундите од природно крзно, сè повеќе дизајнери и светски познати модни куќи се одлучуваат за вештачко крзно кое изгледа речиси идентично како вистинското.
Прекрасното кај вештачкото крзно е што може да изгледа високо елегантно и тренди во исто време, без разлика дали е во силни живописни бои или во класични нијанси.
Додека дамите кои преферираат класика најчесто избираат бунди во кафена или црна боја, вистинските љубители на модата се решаваат за крзнени јакни во впечатливи бои. Класичните бунди можете да ги комбинирате со високи потпетици и елегантни фустани, но исто така одлично изгледаат и со бајкерски чизми, предимензионирани џемпери, федора шешири и фармерки.
Погледнете како вистинските икони на стилот носат бунди во боја, не се плашете да експериментирате и одберете го моделот и нијансата што најмногу ви одговара.