Оваа зима снежинките се хит на ноктите
Постојат безброј убави дизајни со различни теми, но снежинките се една од најдобрите опции за снежните зимски денови.
Цртањето снежинки може да изгледа комплицирано, но треба да знаете дека не се толку тешки како што изгледаат. Не ви се потребни сликарски вештини за да направите маникир со снежинки. Кога ќе ги цртате, сетете се дека дури и во природата нема две идентични снежинки.
Сè што ви треба се неколку алатки – тенка четка, основен премаз, бел лак и уште една боја по ваш избор. Нанесете основен слој пред да започнете со бојата и дизајнот. Зелената или црвената секогаш се добар избор, но слободно пробајте и со ледено сина, розова, темно тиркизна, црна или сива.
Кога лакот ќе се исуши, почнете со цртање на снежинките. Со тенка четка нацртајте поголемо “X” на секој нокт, потоа додадете тенки линии и на краевите ставете мали точки со помош на белиот лак. Кога ќе го завршите цртањето, нанесете завршен сјај за да го зачувате дизајнот подолго.
Уживајте во зимските денови и пренесете ја празничната атмосфера и на вашите нокти!