Во текот на студениот период, кога ќе излеземе со кучето на прошетка, обично не се задржуваме долго.
Правиме еден краток круг за да ги заврши своите потреби и веднаш се враќаме дома. Сепак, секое куче има потреба од дневна доза активност, како трчање или подолги и побрзи прошетки (особено доколку имате поголемо куче), нешто што не успеваме да му го обезбедиме во ваквите зимски денови. За да не се заленат нашите миленици, ви препорачуваме три мали активности што можете лесно да ги организирате дома и кои ќе го забавуваат и кучето и вас. Вака ќе ја разбиете зимската меланхолија и ќе му помогнете на вашето крзнено другарче да остане активно.
Направете „замок“ од ќебиња
Со помош на столици и ќебиња направете мини замок во кој ќе уживате заедно со вашето куче. Внатре може да си читате книга или да пиете чај, а на кучето понудете му ги омилените играчки. Можете и да му направите мала игра – скријте му играчка под ќебето и кажете му да ја најде. Ќе се изненадите колку тоа може да биде забавно.
Мала „олимпијада“
Искористете ја наталожената енергија со игра во која ќе бара вкусни грицки. Скријте низ домот неколку негови омилени посластички и охрабрете го да ги побара. Откако ќе ја најде првата, со својот одличен нос лесно ќе сфати што треба да прави понатаму.
Криенка
За оваа игра, важно е кучето да ја знае командата „седни“. Откако ќе ја ислуша наредбата, скријте се некаде низ домот и повикајте го. Ќе уживате во смешното барање и уште посмешната реакција кога конечно ќе ве најде. Во оваа игра може да се приклучат и вашите деца – тие ќе бидат особено воодушевени од заедничката игра.