Home Мода и убавина Чорапи кои совршено ќе ја заокружат секоја ваша модна комбинација за сезоната на журки

Чорапи кои совршено ќе ја заокружат секоја ваша модна комбинација за сезоната на журки

Точки, металик, мрежа…

Хулахопките се моден аксесоар кој низ годините имаше и блескави моменти, но и периоди кога целосно се повлекувале од модната сцена. Некои дизајнери ги сметаат за совршен стилски детаљ, додека пак други за тотален промашај. Но, едно е сигурно – хулахопките имаат свои адути. Го обликуваат телото, ги прикриваат сите несовршености, топлат и штитат од временските услови, а притоа му даваат посебен шмек на изгледот.

Од наша гледна точка, хулахопките добиваат зелено светло. За среќа, истото важи и за дел од големите имиња на модната индустрија, кои без проблем ги носат и комбинираат во секоја можна прилика, покажувајќи слабост кон овој моден додаток.

Понудата на хулахопки за оваа сезона е навистина богата: со смели логоа, мрежести, со металик сјај, со ѕвездички, светки и најразлични други декоративни детали.

Ние избравме неколку модели што веднаш ни го привлечија вниманието, по брзо пребарување во нашите омилени продавници. Овие хулахопки го освојуваат погледот и се вистинско освежување за секоја празнична комбинација.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Торби идеални за подарок на жени од сите возрасти

Се наоѓаме во периодот од годината кога купуваме и добиваме подароци. Тоа значи дека, кога…