Home Живот и здравје Анксиозноста е жена

Анксиозноста е жена

Се појавува ненадејно, без најава

Одеднаш нѐ преплавува. Женски род е. Што е тоа? Анксиозност.

Во минатото, жените не биле толку оптоварени со обврски. Денес, жената има улога на професионалец, мајка, партнерка, пријателка – исполнува низа улоги и задачи, а многу малку време ѝ останува за себе. Тоа доведува до стрес кој лесно ја отвора вратата за анксиозноста.

Кога анксиозноста ќе нѐ преплави, таа ги менува нашите мисли, чувства, па дури и карактерот.

Стресни ситуации

Нашето тело има природна реакција при стресни ситуации, особено кога нешто не плаши. Познати ни се тие чувства – кога стомакот ни се „свртува“, кога срцето забрзано чука, рацете и нозете се потат. Овие симптоми се резултат на стресна состојба и сите сме ги почувствувале некогаш.

Но, кога тие симптоми не се ставаат под контрола и почнуваат да нѐ попречуваат во секојдневните активности, тоа веќе не е само моментален немир – станува збор за нарушување.

Пореметувања предизвикани од стрес

Овие нарушувања се психијатриска состојба и може да се поделат на: општа анксиозност, панични напади, фобии, опсесивно-компулсивно нарушување и посттрауматска анксиозност.

Во продолжение, накратко ќе опишеме секој од нив.

Општа анксиозност

Станува збор за хронична состојба на загриженост, дури и без реален повод. Нервозата и стравот се присутни речиси секојдневно и траат најмалку шест месеци. Човекот се чувствува исцрпен – ментално и физички.

Напад на страв

Се јавува ненадејно, со интензивно чувство на страв кое може да биде парализирачко. Луѓето често чувствуваат дека „ќе умрат“. Овие напади можат да се повторат неочекувано, а кај некои пациенти се развива страв од следниот напад – кој одново може да се појави во секое време.

Фобија

Фобијата претставува ирационален страв од одреден предмет, ситуација или дејство. Луѓето со фобии најчесто избегнуваат сѐ што го асоцира нивниот страв. Примери се: страв од летање, фобија од затворени простори, темнина и слично.

Опсесивно-компулсивно нарушување

Ова е состојба во која лицето постојано размислува за нешто (опсесии) или извршува одредени дејства (компулсии), за да ја намали сопствената анксиозност. Чест пример е постојано миење на раце, броење предмети, повторување одредено движење како палење и гасење на светло. Пациентот е свесен дека тоа нема логика, но не може да престане, бидејќи се чувствува дека нешто лошо ќе се случи ако не постапи така.

Посттрауматска анксиозност

Се развива по сериозна емоционална траума – сообраќајна несреќа, сексуално насилство, или друг екстремен настан. Карактеристично е постојано враќање на сеќавањата на настанот, како и губење интерес за секојдневен живот. Лицето живее во состојба на постојана психолошка возбуда и анксиозност.

Паничен напад

Кога анксиозноста се зголемува и трае подолго време, може да доведе до паничен напад. Се јавуваат симптоми како гушење, потешкотии со дишењето, потење, вртоглавица, мачнина, забрзано и силно чукање на срцето. Иако обично краткотраен, нападот е крајно непријатен. Жените имаат два до три пати поголема веројатност да го доживеат од мажите.

Кога е потребна стручна помош

Овие состојби бараат непходна интервенција од психијатар. Понекогаш, е доволна психотерапија, но во многу случаи е неопходна и фармаколошка терапија – со цел да се воспостави биохемискиот баланс во мозокот, кој често е нарушен кај овие пореметувања.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …