Home Вебкафе Амазон плати 40 милиони долари за документарецот за Меланија Трамп

Амазон плати 40 милиони долари за документарецот за Меланија Трамп

Од Белата куќа до големото платно: документарец што ќе открие што Меланија никогаш не кажала

Амазон повторно прозборува во Холивуд, оваа пат со документарецот за жената за која отсекогаш се шепоте. Платформата ги откупи правата за „Меланија“ за неверојатни 40 милиони долари, а светот веќе бучи околу тоа што сè ќе биде откриено зад кулисите на животот на најтихата Прва дама на Америка.

Филмот, зад кој стои контроверзниот режисер Брет Ретнер, човек што се враќа на сцена по седум години пауза, ги следи дваесетте најинтензивни денови во животот на Меланија Трамп, деновите пред инаугуацијата во 2025 година. Премиерата е закажана за 30 јануари 2026 година, а очекувањата се, благо кажано, огромни.

„Меланија“ нуди досега невиден пристап до 20-те денови пред претседателската инаугурација 2025 – низ очите на идната прва дама.

За разлика од типичните политички документарци, „Меланија“ оди подлабоко од официјалните насмевки, дизајнерските фустани и ладната елеганција. Филмот се обидува да ја прикаже жената која балансира меѓу јавната должност и приватната тишина, меѓу раскошот и осаменоста на Белата куќа. Публиката, како што ветуваат продуцентите, „ќе го види светот низ нејзините очи“ – од изборот на тим до деталите за тоа како Белата куќа се трансформира во дом.

Меланија во една од ретките изјави рече дека проектот претставува „впечаток од моето вистинско секојдневие“ и дека снимањето сè уште трае. Инспирацијата за филмот делумно потекнува од нејзината автобиографија, која се продава со голем успех, а Амазон планира и мини-серија за нејзиниот живот меѓу Њујорк, Вашингтон и Палм Бич.

Дополнителна тежина на проектот му дава враќањето на Ретнер, познат по „Rush Hour“ и „Red Dragon“.

По бурниот скандал од 2017 година и години на самоизгнанство во Израел, Ретнер се враќа зад камерата со тема што веќе предизвикува реакции и дебати.

Филмот „Меланија“ не изгледа како уште едно политичко поглавје – туку како психолошки портрет на жена што живеела во сенката на моќта, но никогаш не изгубила контрола над сопствениот имиџ. Тивка, мистериозна и често погрешно сфатена, Меланија Трамп, изгледа, се враќа да му покаже на светот дека зад секоја сомнеж има приказна што вреди да се слушне.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Како да бидеш самоуверена жена во секоја прилика

Многу е полесно отколку што мислите! Секогаш кога самоуверена жена ќе влезе во просторија,…