Есента мами со своите магични моменти и никој не може да ѝ одолее – идеална температура за прошетки низ градот, релаксирани моменти и стајлинзи кои можат да бидат разиграни и оригинални, дури и кога небото ќе се одлучи да заплаче.
Дождливите денови често може да изгледаат како моден предизвик, но со вистинските парчиња во гардероберот, секое излегување станува мал стилски подвиг. Првото златно правило? Обувки што се издржливи – без разлика дали се тоа омилените патики, елегантни чизми или, секако, култните чизми Hunter Boots кои ги носеше и принцезата Дајана. Стилот и практичноста одат рака под рака, а нозете остануваат суви.
Втор совет: слоевитото облекување е твоето тајно оружје. Комбинирај модерна дождовна јакна со кошула, oversize џемпер или маица, и подготвена си за секој дожд или ненадејна промена на времето. За дополнителен стилски шмек, вклучи тексас јакна или тренди кардиган, каубојки и впечатлив чадор во рака – совршен urban chic изглед!
Не заборавај: избери панталони и здолништа до глужд. Дождот не смее да го расипе стајлингот, а ти сакаш секој чекор да зрачи со гламур.
Инспиративни комбинации за дождливи есенски денови ве очекуваат во фото галеријата.