Home Шоубизнис Вака изгледа мажот што имал милион жени: Наташа Павловиќ со сопругот пристигна на роденденот на синот на Вики Миљковиќ

Вака изгледа мажот што имал милион жени: Наташа Павловиќ со сопругот пристигна на роденденот на синот на Вики Миљковиќ

Вака изгледа мажот што имал милион жени: Наташа Павловиќ на роденденот на синот на Вики Миљковиќ пристигна со сопругот

Вики Миљковиќ и Драган Ташковиќ – Ташке вечерва имаат посебна причина за славење — нивниот син Андреј го прославува својот 18-ти роденден во еден од најексклузивните ресторани во Белград на вода.

Славеникот во елегантен црн смокинг зрачеше со самодоверба и младешки шарм, а бројните гости вложија вистински труд во изгледот и облеката.

Меѓу присутните беше и водителката Наташа Павловиќ, која пристигна во друштво на својот сопруг Предраг – нешто што е вистинска реткост, имајќи предвид дека речиси никогаш не се појавува со него во јавност, а заеднички фотографии ретко објавува и на социјалните мрежи.

Некогаш, водителката ги изненади сите кога прозборе за минатото на својот сопруг:

– Кога е човек млад и заљубен, веднаш сака брак и деца, мисли дека сè ќе трае вечно. Но важно е и двајцата да имаат поминато низ многу искуства за да биде бракот подоцна похармоничен, а во педесеттите да не „полудат“ – изјави таа тогаш, додавајќи дека кога започнувала врска со сегашниот сопруг, сакала да знае точно низ што сè има поминато пред неа.

– Го испрашав до детали, и кога сфатив дека имал „милион“ жени, дека излегувал, патувал и правел сè што треба еден млад човек да прави, си реков – одлично. Не само што не ми пречеше тоа што имал толку жени во животот, туку ми беше и мило, затоа што знаев дека знае да ме цени. Сметав дека научил што сака, а што не, исто како и јас – раскажа “Практичната жена.”

Вечерта беше исполнета со емоции и гламур.

Вики Миљковиќ за оваа свеченост облече елегантен фустан од црна чипка, со дискретно сребрено ланче кое совршено го надополни нејзиниот изглед. Насмевката не и се симнуваше од лицето додека ги пречекуваше гостите заедно со сопругот и синот, уживајќи во прославата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …