СПРЕМЕТЕ СЕ, „ЕУФОРИЈА“ СЕ ВРАЌА! ТРЕТАТА СЕЗОНА СТИГНУВА И НОСИ СОСЕМ НОВА ДИМЕНЗИЈА
По безброј шпекулации и гласини, конечно е потврдено – „Еуфорија“ се враќа!
Третата сезона од хит тинејџерската серија ќе почне да се прикажува во пролетта 2026 година, што значи дека по цели четири години пауза конечно ќе се вратиме во непредвидливиот свет на Ру и нејзината екипа. Кејси Блојс, директорот на HBO, ја потврди веста веднаш по доделувањето на наградите Еми, нагласувајќи дека иако точниот датум сè уште не е објавен, пролетта е официјален временски период за новиот почеток на оваа култна серија. Снимањето започна на почетокот од 2025 година, а сè сега влегува во финална фаза, со очекувања повисоки од кога било.
Што нè очекува во третата сезона?
Ру (Зендеја) и нејзините пријатели ќе го напуштат средношколскиот контекст и ќе се соочат со предизвиците на возрасниот живот. Без грижа – најголемиот дел од оригиналната екипа се враќа: Зендеја, Хантер Шејфер, Мод Апатоу, Сидни Свини, Џејкоб Елоради, Алекса Деми повторно ќе ги играат нивните улоги. Сепак, дел од ликовите нема да бидат дел од новата сезона, како на пример Сторми Рид, Нико Кинг, Барби Ферејра и
Музиката, како и досега, ќе продолжи да игра клучна улога. Лабринт се враќа како композитор на саундтракот, но овој пат во соработка со легендарниот Ханс Цимер, па можеме да очекуваме звучна експлозија која совршено ќе го долови емотивниот rollercoaster на ликовите.
Да, ќе почекаме уште малку за новите епизоди, но сè што знаеме за третата сезона ветува интензивно, созреано и целосно магнетно враќање – подгответе се за „Еуфорија“ што повторно ќе ве вовлече во свет полн со страст, болка и убавина.