Ријана и АСАП Роки станаа родители по трет пат, а Рири на свет донесе девојче!
Парот го пречека своето трето дете, а веста беше потврдена со денешната објава на Инстаграм. Девојчето, кое го доби името Роки Ајриш Мајерс, е родено на 13 септември 2025 година и ја продолжува семејната традиција — сите членови да имаат име кое започнува со буквата „Р“. Да потсетиме, Ријана и Роки веќе имаат два сина: РЗА, роден во 2022 година и синот Рајот, кој се роди во 2023.
Дека повторно е бремена, Ријана откри на спектакуларен начин — на Мет Гала 2025, вечер посветена на изложбата „Суперфајн: Кроење на црнечкиот стил“.
Од тој момент, таа уживаше во бременоста и истовремено инспирираше со смели стилови кои зрачеа со луксуз и храброст. На белгиската премиера на филмот „Штрумфови“, се појави во проѕирен светлосин бебидол комплет од Бренда Шанел, додека на премиерата во Лос Анџелес носеше чоколадно-кафеава креација од есенската колекција на Сен Лоран. Нејзините синови исто така привлекоа внимание со комплетите од Диор, дизајнирани од Џонатан Андерсон.
Јасно е: најновиот член на семејството влегува во еден од најстилизирани домови на планетата.
Ријана и претходно истакнуваше колку ужива во рушење на граници кога станува збор за модата за време на бременост: „Кога дознав дека сум бремена, си реков — нема шанси да одам во одделот за трудници. Извинете, но облекувањето е премногу забавно за да се откажам од тоа само затоа што ми се менува телото“, призна таа во интервју од 2022 година.