Home Вебкафе Оди, љубов моја – филм поради кој пак ќе поверувате во хемијата на екранот

Оди, љубов моја – филм поради кој пак ќе поверувате во хемијата на екранот

На Јутјуб се појави првиот тизер за психолошкиот трилер „Дај мај лов“, во кој главните улоги ги толкуваат оскаровката Џенифер Лоренс („Игрите на гладните“, „Без навреда“) и вечно бунтовниот вампир Роберт Патинсон („Самрак“, „Мики 17“).

Содржината го следи животот на млад брачен пар кој бега од хаотичниот Њујорк во наследена куќа на село, надевајќи се на мирен, идиличен живот. Но, она што требало да биде нов почеток, брзо се претвора во кошмар — изолацијата ја изнесува на површина нивната најдлабоко скриена несигурност, потиснати конфликти и опасни страсти. Границата помеѓу љубовта и уништувањето станува се потенка, додека куќата полека се претвора во нивен кафез.

Филмот е во режија на реномираната шкотска авторка Лин Ремзи, позната по своите мрачни и интензивни драми. Покрај Лоренс и Патинсон, на актерската екипа се придружуваат и Ник Нолти, Сиси Спејсек, Лакит Станфилд, Габриел Роуз и Сара Линд.

По премиерата на Канскиот фестивал, критичарите веќе го опишуваат филмот како мрачна мешавина меѓу „Игрите на гладните“ и „Самрак“ — но во возрасна, многу поопасна верзија. На Rotten Tomatoes моментално има 78% позитивни критики базирани на 49 рецензии.

Премиерата е закажана за 27 ноември и веќе сега се наговестува како еден од најочекуваните трилери оваа есен.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Како да бидеш самоуверена жена во секоја прилика

Многу е полесно отколку што мислите! Секогаш кога самоуверена жена ќе влезе во просторија,…