Цеца не можеше да остане тивка кога ја виде фотографијата: Ле ле, Ана, па што е ова?!
Водителката на емисијата „Ѕвездите на Гранд“, Ана Севиќ, реши да направи пауза од работните обврски и да ужива во убавините на Црна Гора. Луксузниот одмор го документираше на социјалните мрежи, а нејзините фотографии не поминаа незабележано.
Ана на Инстаграм ја покажа својата совршена линија, и покрај тоа што има три деца, сподели моменти со децата, специјалитетите во кои ужива, а објави и фотографија од јахтата што крстари низ Јадранот.
Посебно внимание привлече името на јахтата – „Севанна“, што претставува интересна комбинација од нејзиното име и презиме.
Фотографијата на јахтата брзо го привлече вниманието на јавноста и предизвика бројни коментари. Меѓу првите кои реагираа беше и Светлана Цеца Ражнатовиќ, која кратко, но впечатливо коментираше: „ле ле“ со емотикон со пламак.
„Што ни е тешко… Фала Цеки“, ѝ одговори Ана.
По разводот од Дарко Лазиќ, Ана Севиќ ја пронајде среќата покрај Даниел Неделковиќ, со кого има две деца.
Семејната хармонија ја надополнува и ќерката на Ана од првиот брак, а таа истакнува дека конечно го пронашла мирот и партнер на кого може целосно да се потпре.