Пејачката Едита Арадиновиќ со години важи за една од најзгодните на музичката сцена. На социјалните мрежи често се фалеше со интензивни тренинзи и затегнато тело, но сега работите се променија.
Таа преку Инстаграм се огласи и откри дека се здебелила дури 10 килограми.
Имено, пејачката која важеше за една од најзгодните не само во Србија, туку и во целиот регион, објави фотографии на Инстаграм откривајќи им на своите обожаватели дека качила 10 килограми.
Дополнително, Едита откри и зошто качила телесна тежина, но и каде најмногу се забележуваат промените на телото.
„Се здебелив скоро десет килограми и размислувам дали сега вака, слободно можам да кажам – дебела, да снимам некој спот и да твркам во него. Вистина, се здебелив најмногу во главата и стомакот, ама нема врска – надежта последна умира,“ напиша Едита.
Пејачката одлучила да започне ново поглавје во животот и да го остави никотинот зад себе.
„Многу долго сакав да престанам со никотин и конечно успеав – и затоа се здебелив,“ откри Едита.
Она од што многумина се плашат – прекинот со никотин и зголемувањето на тежината – токму тоа ѝ се случило на Едита, а нејзините следбеници сметаат дека е одлично што отворено зборува за тоа.
Здравиот живот е најважен, а килограмите доаѓаат и поминуваат.
Во моментов најважна ѝ е поддршката, а обожавателите ја поддржуваат повеќе од било кога.