Тие не се само еден од најубавите и најпознатите парови на денешницата – Кристијано Роналдо и Георгина Родригез се и бренд сами по себе.
Нивните романтични фотографии од егзотични дестинации и луксузни вечери ги полнат насловните страници и фидовите на милиони следбеници, но зад сјајот се крие една сериозна – и прилично профитабилна – правна позадина.
Нивната приказна доби ново поглавје: 39-годишниот фудбалски суперѕвезда ја запроси Георгина со блескав дијамантски прстен вреден милиони, а веста, се разбира, најпрво се појави на Инстаграм. Парот е заедно речиси една деценија, заеднички ги растат петте деца, а сега планираат и свадба – но со однапред прецизно утврден финансиски план.
Според пишувањето на португалскиот магазин TV Guia, Кристијано и Георгина уште по раѓањето на нивната ќерка Алана Мартина, потпишале предбрачен договор. Во случај на раскинување на врската, Георгина доживотно би добивала месечна “алиментација” од 114.000 долари и би ја задржала луксузната вила во елитниот мадридски кварт Ла Финка, вредна повеќе од 5,6 милиони долари. Целта? Потполна финансиска сигурност за неа и децата, без разлика на идните околности.
А кога ќе се земе предвид дека Роналдо располага со богатство проценето на повеќе од 671 милион долари, од кои околу 230 милиони годишно пристигнуваат само од договорот со саудискиот клуб Ал Наср (плус бројни спонзорства), јасно е дека станува збор за царство што се чува со голема претпазливост.
Ниту нивното онлајн присуство не е препуштено на случајност – секое заедничко видео, секоја фотографија од одмор или семејна прослава дополнително го гради нивниот имиџ на “кралски” пар и, секако, носи сериозна медиумска и деловна вредност.