4 „лекции“ од серијата „Сексот и градот“ што се сосема бескорисни
„Сексот и градот“ остави длабока трага во животите на цели генерации жени.
Кери, Миранда, Шарлот и Саманта не беа само телевизиски хероини – беа она малечко женско друштво кое сите го посакувавме покрај себе. Ни го претставија поимот на женска поддршка, ни дадоа храброст да ги разбиеме предрасудите и уште покрај сето тоа – да се смееме на љубовните хаоси во животот. Но хеј, некои „лекции“ се, ќе признаеме, сосема непотребни.
Во реалноста, Менхетн е малку помалку гламурозен, а љубовните врски баш и не се решаваат со едно кафе и нов пар чевли.
1. Пари паѓаат од небо
Кери Бредшо е вистинска легенда: купува дизајнерски чевли и облека речиси секоја недела, живее во шик стан во срцето на Менхетн и редовно оди на бранч со своите другарки. И сето тоа благодарение на едноставна колумна за секс! Во реален живот, освен ако не сте богата наследничка, ова е – чиста фантазија.
2. Без штикли – нема живот
Сите четири дами речиси секогаш се во високи потпетици, а Кери парадира по улиците на Менхетн како да лета. Меѓутоа, ние – обичните смртници – едвај издржуваме половина час во штикли пред да бараме спас. Митот „штикли се еднакво на елеганција“ е сериозно преценет.
3. Сè се врти околу мажи
Речиси секоја епизода се фокусира на нова љубовна авантура или некој нов тип кој им влегува во животите. Во вистинскиот живот, жените зборуваат за сè и сешто – работа, патувања, пријателства, хобија… Не се врти цел свет околу љубовна драма.
4. Недостапните мажи не се цел
Најлошата порака ни доаѓа преку врската на Кери и Господин Биг. Емоционално затворен, често лошо се однесува, а таа постојано му се навраќа. Вистинската љубов? Таа не боли. Таму има почит, разбирање и рамнотежа – и не вклучува бескрајно трчање по „недостижни“ партнери.
„Сексот и градот“ е одлична серија за одмор, модна инспирација и културен феномен кој не се заборава… но кога ќе помислиме на животните лекции – подобро да си ги филтрираме. И, зошто да не – со насмевка.