Home Живот и здравје Лубеница со фета – совршена летна замка? Еве што се крие зад оваа комбинација

Лубеница со фета – совршена летна замка? Еве што се крие зад оваа комбинација

ЛУБЕНИЦА + ФЕТА = СОВРШЕНА ЛЕТНА ЗАМКА? ЕВЕ ШТО СЕ КРИЕ ЗАД ОВАА КОМБИНАЦИЈА

Летните клише теми ни се добро познати: мирис на сол во косата, песок кој се лепи за марама, и нормално – оној безвременски тањир со парчиња слатка, сочна лубеница и коцки солена фета.

Комбинација што не потсетува на летни вечери на тераса, на Грција и Медитеран. Но, колку и да делува невино и освежително, оваа традиционална двојка може да се покаже како причинител на нешто помалку пријатно – подуеност и тежина во стомакот.

ЛУБЕНИЦАТА – КРАЛИЦА НА ЛЕТОТО

Никој не ја доведува во прашање нејзината репутација: со над 90% вода и многу малку калории, лубеницата е вистински еликсир за хидратација и најдобар пријател на витката линија. Сепак, секое парче крие природни шеќери – пред сè фруктоза. Кога се внесува во поголеми количини или се комбинира со “незгодни” намирници, фруктозата може да предизвика осцилации на шеќерот во крвта, подуеност и варење кое не е баш лесно. Така што иако освежува, лубеницата понекогаш може да предизвика и задржување на течности.

ФЕТА – СОЛЕНА КЛАСИКА СО СКРИЕНА СТРАНА

Слатко и солено во еден залак – тоа е магијата на лубеницата со фета. Но, зад таа совршена рамнотежа на вкусови се крие фактот дека фета е еден од најсолените сирења. Веќе 30–40 грама може да содржат над 300 милиграми натриум, доволни за телото да почне да ја „заклучува“ водата во себе. Резултатот? Отоци, чувство на тежина и непријатност, особено во жешки денови.

ЗОШТО ОВАА КОМБИНАЦИЈА ПОНЕКОГАШ ПРЕДИЗВИКУВА ПРОБЛЕМ?

  • Задржување на течности – солта од фета го тера телото да ја задржи водата, наместо да ја исфрли, предизвикувајќи оток на прсти, нозе и лице.
  • Потешко варење – комбинацијата од фруктоза од лубеницата и маснотијата од сирењето го забавува варењето, па стомакот може да стане „балон“.
  • Лажна хидратација – иако мислите дека се хидрирате преку лубеницата, солта од фета ја блокира нормалната елиминација на течностите. Телото се чувствува „полнo со вода“, а вие – жедни и изморени.

ДАЛИ ТОА ЗНАЧИ КРАЈ ЗА ОМИЛЕНАТА ЛЕТНА КОМБИНАЦИЈА?

Секако дека не! Лубеница и фета не се непријатели, само треба малку баланс. Повремена и умерена порција нема да направи проблем, особено ако остатокот од денот не е исполнет со солена храна. Проблемот настанува кога ќе се претерува – големи кришки лубеница со премногу фета, доцна навечер, често завршуваат со подуен стомак и чувство на непријатност при будење.

КАКО ДА УЖИВАТЕ, А ДА ГИ ИЗБЕГНЕТЕ НЕСАКАНИТЕ ЕФЕКТИ?

  • Заменете ја фетата со поблаги млечни производи, како свежо сирење или грчки јогурт.
  • Додадете малку нане или неколку капки лимета – освежување без сол и дополнителни калории.
  • Внимавајте на остатокот од менито – ако веќе имавте солени оброци во текот на денот, прескокнете ја фетата со лубеница.

Зашто, на крајот од денот, летото треба да биде лесно, забавно и ослободувачко – а не обременето со чувства на подуеност.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Скијањето – дали навистина му користи на умот и телото?

1. Забава Скијањето е вистинска забава. Слободното време можете да го поминете на свеж пла…