Ексклузивен поглед зад црвените врати на Мелидеш…
Во магичниот Мелидеш, скриеното бижу на атлантскиот брег во Алентежу, Кристијан Лубутен – легендарниот дизајнер кој ги претвори црвените ѓонови во синоним за гламур – сега ја разоткрива уште една страна од својот раскошен свет: две приватни, ултраелегантни вили кои зрачат со уметност, автентичност и безвременски луксуз.
Ла Салвада и Ла Мезон де Бато – не се обични летувалишта. Овие интимни оази на стил се места каде се преплетуваат медитерански минимализам, рустичен шарм и креативната визија на еден од најоригиналните дизајнери на нашето време.
ЛА САЛВАДА – СОФИСТИЦИРАНА ВИЛА СО ПАНОРАМСКИ ПОГЛЕД ОД СОНИШТАТА
На простор од 250 квадратни метри чист луксуз, Ла Салвада нуди два апартмани, приватен базен и панорамски поглед кон океанот. Просторот е украсен со уметнички дела, меѓу кои и лични креации на самиот Лубутен, создавајќи атмосфера препознајлива по неговиот уметнички сензибилитет и личен печат. Вилата собира четири гости, а ноќевање во овој рај чини околу 2.200 евра – за оние кои бараат повеќе од престој, туку вистинско доживување.
ЛА МЕЗОН ДЕ БАТО – РУСТИЧНА ЕЛЕГАНЦИЈА СО ПРЕПОЗНАТЛИВОСТА НА ЛУБУТЕН
Во стара, внимателно реставрирана португалска куќа распослана на 150 квадратни метри се наоѓа Ла Мезон де Бато – вила каде рачно ткаен текстил, живописни шари и детали инспирирани од локалната занаетчиска традиција ја раскажуваат приказната за духот на Алентежу. Приватната тераса со базен гледа кон безкрајните полиња со ориз, додека ентериерот спојува автентичност со ексцентричен моден израз. Вилата може да прими до шест гости, а цените на ноќевање почнуваат од 1.700 евра.
ПОВЕЌЕ ОД ОБИЧЕН СМЕСТУВАЊЕ – СВЕТОТ НА ЛУБУТЕН НА ДЛАНКА
Гостите во овие таинствени вили не уживаат само во погледот и луксузот. Појадокот се служи во ексклузивниот хотел Вермелјо, а на располагање се приватен готвач, собна услуга, дури и личен шопинг асистент – за оние моменти кога би сакале некој внимателно да ви одбере совршени еспадрили, шешир или книга за читање покрај базенот.
Целата архитектонска магија е дело на Тарек Шама, додека дизајнот е прецизно вклопен во природниот амбиент. Локалните занаетчии, теракота материјали, португалски плочки, природен камен и историски предмети од личната колекција на Лубутен – сè е тука за да ги разбуди вашите сетила и да создаде простор во кој луксузот не е доминантен, туку природен.
„Овие вили се создадени од чиста љубов, без никаква комерцијална цел“, се истакнува. „Нивното отворање е како да ги отвораш вратите кон приватниот универзум на Кристијан Лубутен – преполн со креативност, ексклузивност и длабока почит кон недопрената убавина на Мелидеш.“
За оние кои не бараат само одмор, туку искуство за паметење, вилите Ла Салвада и Ла Мезон де Бато претставуваат нова дефиниција за луксузно бегство. Совршен спој на дизајн, мир и моден идентитет – токму како што би замислил само Лубутен.