Сега можете да откриете како се чувствува вашето куче преку неговата положба за спиење…
Освен што можеме да ја разбереме природата на нашето куче преку неговата игра и целокупното однесување кон нас, другите кучиња или постарите луѓе, сега можеме да откриеме и како се чувствува и како ќе реагира преку начинот на кој спие.
Откријте што открива секоја положба!
1. Свиткана положба
Кучињата што спијат вака изгледаат како големо клопче: нивната њушка им допира до опашката, а шепите им се убаво подвиткани под телото. Како што може да се претпостави, со оваа положба кучето се загрева и ја чува топлината на своите екстремитети, вратот и градите. Најчесто, кучиња што спијат на овој начин се многу нежни и внимателни.
2. На стомак
Кога кучето спие на својот стомак, тоа значи дека не е целосно опуштено и повеќе дреме отколку што вистински спие. Од оваа положба полесно може да скокне за игра или да потрча кон вратата ако некој доаѓа. Овие кучиња се енергични, весели и добро расположени, а сепак и нежни.
3. На стомак со испружени нозе
Иако спиењето на стомак повеќе личи на дремење, ова е една негова варијанта. Кога кучето ги испружува сите четири нозе, изгледа како да е подготвено да полета – навистина слатка и смешна поза. Во оваа положба, лесно може да стане и да се вклучи во некаква активност или игра.
4. Спиење на страна
Ова е една од највообичаените положби во кои кучињата спијат и таа ни покажува дека кучето е целосно опуштено и дека му е исклучително удобно. Ако вашето куче спие вака, тоа значи дека има потполна доверба во вас и дека ќе биде верно и послушно.
5. Целосно испружено
Кучињата што се во затворени простории често ја одбираат токму оваа положба, бидејќи така се ладат за време на летните денови, а зиме уживаат во топлината од греењето. Кога спијат на грб и го покажуваат стомакот, тие на тој начин покажуваат дека се чувствуваат сигурно, заштитено и целосно опуштено.
6. Луди пози
Секоја позиција во која кучето изгледа урнебесно за време на спиењето може да се нарече вистинска „луда“ поза. Најкарактеристичната од нив е кога лежи на грб со „разлетани“ нозе. Кучиња што спијат вака се навистина опуштени, сакаат активност, игра и особено галење. Можете да бидете сигурни дека вашето куче се чувствува безбедно и тотално релаксирано.