Home Рецепти Протеински смути со вишни и бадемово млеко

Протеински смути со вишни и бадемово млеко

Совршен летен појадок подготвен за 10 минути

Додека трае сезоната на вишни, искористете ја можноста да направите вкусни летни пијалоци. Ви предлагаме денес да подготвите едноставен и брз појадок што ќе им се допадне на децата и возрасните – смути со шумски овошки и чиа семе. Ова е еден од најздравите појадоци што долго време дава енергија.

Состојки:

– 250 мл бадемово млеко
– 250 г вишни без коски
– 1 манго без коска
– 1 лажица ленено семе
– 1 лажичка чиа семе
– 2 лажици протеински прав
– прстофат ванила

Подготовка:

Оладете ги млекото, мангото и вишните пред употреба. Ставете ги во блендер и миксирајте додека не добиете еднолична и кремаста смеса. Наместо бадемово млеко, може да користите кравјо, соино или кокосово млеко, а мангото може да се замени со јагоди, ананас или банана.

На здравје!

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Рецепти
Comments are closed.

Check Also

Печени праски со карамелизирани ореви и сладолед

Печени праски со карамелизирани ореви и сладолед Нема ништо поубаво од десерт кој спојува …