Home Рецепти Гурманска фантазија: Пилешки филе во сос од сенф и мирудии

Гурманска фантазија: Пилешки филе во сос од сенф и мирудии

Гурманска фантазија: Пилешки филе во сос од сенф и зачини

Пилешкото месо секогаш е одлична идеја за ручек, а денес ќе подготвите една од неговите најсочни варијанти – во кремаст сос од сенф, со мирисен мајчина душица и бело вино.

Состојки:

– 700 г пилешки копан без коски (исчистен филе)
– 2 главици кромид, ситно сечкан
– 2 лажици сенф
– 1 лажица слатка пиперка
– сушена или свежа мајчина душица
– 90 мл бело вино
– 1 ловоров лист
– 5–6 лажици маслиново масло
– сол и бибер

Начин на подготовка:

1. Посолете и забиберете го пилешкото месо.

2. Загрејте маслиново масло во широка и подлабока тава или тенџере, додајте го ловоровиот лист и мајчината душица, па додајте го пилешкото. Пржете го од сите страни додека не добие златна боја (околу 3–4 минути).

3. Додадете го кромидот и слатката пиперка, и продолжете со динстање уште 2 минути.

4. Полијте со бело вино и оставете кратко да испари алкохолот.

5. Во чаша измешајте 5 лажици вода со сенфот и добро промешајте.

6. Истурете ја смесата во тавата и оставете на тивок оган да се крчка околу 8 минути.

7. Послужете со варен ориз или печени компирчиња – и уживајте во кремастиот, богат вкус.

Совршен летен ручек, готов за помалку од половина час!

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Рецепти
Comments are closed.

Check Also

Брзи салати – 3 рецепти за топли летни денови

Лесните салати се совршен оброк за топлите летни денови. Во текот на летните денови, брзит…