Овие се најдобрите eye patches за моментално освежен и светол поглед
Подготвивме избор на маскички за пределот под очите кои дефинитивно треба да се најдат во вашата летна beauty торбичка!
Во текот на летото, кожата е изложена на бројни предизвици – силно сонце, високи температури и дехидратација. Особено чувствителна е зоната околу очите, која многу брзо може да изгледа изморено, со потемнети кругови, отеченост или ситни линии.
Токму затоа, eye patches се еден од најомилените и најпрактични начини да му вратите свежина и сјај на погледот – особено во летниот период.
Станува збор за мали хидрогел или текстилни фластери кои се нанесуваат под очите со цел да ја нахранат, смират и ревитализираат оваа нежна зона. Многу од нив содржат моќни состојки како хијалуронска киселина, кофеин, витамин Ц, алоја вера и билни екстракти кои помагаат во намалувањето на подуеноста и темните кругови.
Зошто се неопходни во лето?
Во лето, кожата околу очите побрзо ја губи влажноста поради сонцето и топлината. Дополнително, UV зрачењето може дополнително да ја иритира оваа област и да го влоши изгледот на темните подочници. Eye patches делуваат веднаш, давајќи освежувачко чувство и разјаснет поглед за само неколку минути.
Ова е вистински must-have производ за секоја летна beauty рутина, бидејќи носи моментален сјај и виталност – без разлика дали после непроспиена ноќ, патување или подолго време минато на сонце.
Вклучете ги во вашата секојдневна нега и уживајте во освежен и блескав поглед цело лето!