Home Шоубизнис Мирка Васиљевиќ донесе одлука: Време е за нов почеток

Мирка Васиљевиќ донесе одлука: Време е за нов почеток

Љубовта на Мирка Васиљевиќ и Вујадин Савиќ трае 13 години

Љубовната приказна на Мирка Васиљевиќ и Вујадин Савиќ започна кога актерката имаше само 20 години.

Не помина ниту цела година од почетокот на врската, а Мирка остана бремена. По раѓањето на синот Андреја, донесе одлука да го следи невенчаниот сопруг низ светот, жртвувајќи ја својата кариера.

Привремено се откажа од глумата, аплаузите и овациите, а како што подоцна добија уште две деца, беше сосема природно што се посвети на семејството и животот во странство.

Враќање на сцената

Денес, кога нејзиниот избраник веќе не е толку професионално активен и кога конечно се сместија во Белград, Мирка повторно започна да се ангажира.

За почеток, го отвори својот профил на Инстаграм, навлезе во маркетинг светот, а се врати и на театарската сцена.

Пред неколку дена ги израдува своите обожаватели објавувајќи дека доби нова улога, која со радост ја прифати.

– Нов проект наскоро – напиша на фотографијата од сценариото.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …