Home Шоубизнис Наместо свадба – крај! Ќерката на Жељко Митровиќ ја раскина свршувачката со богатиот Украинец: Роденденот не беше ист без него

Наместо свадба – крај! Ќерката на Жељко Митровиќ ја раскина свршувачката со богатиот Украинец: Роденденот не беше ист без него

Ќерката на Жељко Митровиќ го прослави својот 25-ти роденден, но без присуството на својот свршеник Илија Рискин, богат наследник од Украина, што предизвика шпекулации дека нивната врска повторно е завршена.

Кристина Митровиќ пристигна од Лондон во Белград за својот роденденски бал, каде што веќе извесно време живее и студира. Нејзината врска со Илија Рискин претходно беше во фокусот на вниманието, особено по нивните свршувачки и јавното покажување на љубовта.

Сепак, во последниот период, Илија не се појавува на Кристинините фотографии на Инстаграм, а неговото отсуство од нејзината гламурозна прослава само ги подгреа гласините за раскинување. Двојката веќе имаше еден прекин, но по нивното помирување, Кристина носеше импозантен дијамантски прстен, што најавуваше бајковита свадба.

Иако забавата беше раскошна, со многу гости, подароци, огномет и црвена декорација, сите забележаа дека Илија не бил присутен. Ако се суди според неговото отсуство, изгледа дека нивната љубовна приказна конечно е завршена.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…