Home Шоубизнис Секоја чанта ја има во три бои: Маша Терзиќ ги отвори вратите на скапата гардероба

Секоја чанта ја има во три бои: Маша Терзиќ ги отвори вратите на скапата гардероба

Гардероберот на Маша Терзиќ вреден неколку стотини илјади евра

Маша Терзиќ, заедно со сопругот Урош и синот Коља, веќе извесно време живее во Португалија, каде што ужива во сончевите денови, добрата храна и уште подобриот шопинг.

Ќерката на Звездан Терзиќ, која често на Инстаграм се пофалува со скапите модни парчиња, одлучи да го покаже и своето најголемо хоби.

Нејзиниот гардеробер е исполнет со луксузни чевли, атрактивни комбинации, но најмногу пари, дефинитивно, троши на чанти.

Маша откри дека во својот „walk-in“ гардеробер има ѕид посветен исклучиво на чантите. Полици поставени по целата должина на ѕидот се исполнети со дизајнерски модели, а она што веднаш се забележува е дека секоја чанта ја поседува во барем три различни бои.

Од clutch до midi чанти, нејзината колекција е заистa импресивна, а изгледа дека има чанта за секоја замислена модна комбинација.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …