
Дали верувавте во бајки?
Се разбира дека верував, се разбира дека обожавав да сонувам, се разбира дека ми требаа „пет милиони“ години за да сфатам дека тоа се само бајки, во вистинската смисла на зборот.
Марија Килибарда се осврна и на општествените норми и коментарите кои често ги следат жените:
Ме вознемируваше додека не „пораснав“. Не знам точно кога се случи тоа, но ми се чини дека беше пред шест-седум години. Имам впечаток дека во тој период созреав, конечно ги симнав општествените окови, после тоа земав здив и почнав да се концентрирам само на она што е важно за мене и за луѓето на кои им верувам и кои ми се значајни. Воопшто не ме интересираше дали ги исполнувам општествените стандарди, дали се вклопувам во правилата или нормите.
За периодот кога ја објави бременоста
Очи ми се наполнија со солзи, бидејќи тоа прашање ме враќа во времето кога, без претерување, секој ден добивав стотици писма и пораки од жени и мажи, млади и стари, од сосема непознати луѓе, од оние што ги познавам површно, како и од оние што не сум ги видела дваесет години. Сите тие, од којзнае која причина, но сигурно преубава, имаа потреба со мене да го споделат чувството на среќа што го имаа кога дознаа дека очекувам ќерка. Тоа беше толку силно и траеше со недели.
За враќањето на работа
Промотивната кампања за новата програмска шема на Уна телевизија ја снимивме на самиот почеток на мојата бременост, а потоа следуваше пауза. Се чував од вируси, па ги избегнував сите масовни собири. Мојата ќерка, додека беше во мојот стомак, ме награди со прекрасна, лесна бременост, најубавата што ја знам.
За изгледот после породувањето
И пред и за време на бременоста, мојот мени го одреди нутриционистка. Внимавав на исхраната, но не поради тежината, туку за да ѝ обезбедам сѐ што ѝ е потребно на бебето. Ги избегнував шеќерите, бидејќи многу читав за гестацискиот дијабетес и не сакав ниту минимален ризик да ѝ го пренесам.
Како би ги опишала последните четири месеци?
Не знаев дека срцето може толку многу да порасне. Не знаев дека можам да функционирам дваесет и два часа со само два часа сон. Не знаев дека истовремено можам да ја почуствувам најголемата сила и најголемата немоќ.
Дали ќе има нова колекција на Ки накитот?
Сења е родена во годината на змејот, па помислив дека би било убаво да си поиграм токму со таа симболика. Можеби ќе создадам и една меѓу-колекција посветена на мајките и ќерките, но псст, не кажувајте никому.
За петгодишнината со Бранислав Вучелиќ
На почетокот на март ќе прославиме пет години заедно, но сè уште не сме биле во исто време надвор од домот и одвоени од Сења, ниту на кратко. Не сакаме, а искрено, не сме ни подготвени за тоа, така што мислам дека годишнината ќе ја одбележиме со неа, во нашиот дом.