Home Вебкафе Од радост – трагедија: Сакаа со авион да го откријат полот на бебето кое го чекаат – леталото се сруши и загина пилотот (снимка)

Од радост – трагедија: Сакаа со авион да го откријат полот на бебето кое го чекаат – леталото се сруши и загина пилотот (снимка)

Забавата на која еден мексикански брачен пар за потесното семејство и пријателите сакале на атрактивен начин да го откријат полот на бебето кое го очекуваат се претвори во ужасна трагедија.

Имено, двојката најмила мал авион кој требало да ги прелета и да испушти розов (за женско) или син чад (за машко) што би го открил полот на нивното дете.

Но, во моментот кога авионот се приближил до идните родители, кои стоеле до знакот, авионот од кој се испуштал розовиот чад, почнал да се урива.

Додека среќната двојка се бакнувала и го прославувале своето ново бебе, малиот авион се урна и пилотот загина.

Пред да сфатат дека се случила трагедија, парот продолжил да се гушка, а членовите на семејството им честитале.

Луис Анхел Н. (32) бил пилотот и единствениот човек во малиот авион, јавуваат локалните медиуми. По несреќата бил пронајден како лежи под остатоците. Тој итно бил пренесен во болница каде за жал починал, според Мрежата за воздухопловна безбедност.

Видеото од овој трагичен момент стана вирално на социјалните мрежи, а се појави и фотографија на која се верува дека го прикажува целосно уништеното летало, пишува Дејли Меил.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…