Home Вебкафе Му влегле крадци и му оставиле трогателна порака: „Немаме пари, ама гледаме дека и ти немаш ништо“

Му влегле крадци и му оставиле трогателна порака: „Немаме пари, ама гледаме дека и ти немаш ништо“

Провалници кои упаднале во куќа во Порденоне, Италија, не биле баш среќни од тоа што (не) го нашле во живеалиштето, па оставиле порака до сопственикот на куќата.

„Жал ни е, немаме пари, а мораме да јадеме. Но, гледаме дека и вие немате ништо. Што да се прави, трпение…“, му напишале на лист и ја напушти куќата речиси со празни раце. Сепак, тие ја искористиле можноста да ги одземат кафематот и фритезата. Бидејќи во пораката имало повеќе граматички грешки, полицијата смета дека станува збор за лица кои не го зборуваат добро италијанскиот јазик или можеби на тој начин се обиделе да ги доведат во заблуда истражителите, пишуваат италијанските медиуми.

Полицијата во моментов трага по овие несреќни крадци.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

ChatGPT станува твој секси партнер? OpenAI воведува режим за возрасни и сите зборуваат за тоа

Нова функција овозможува верификуваните возрасни лица еротски и романтични разговори со ве…